Rakuten Viber, една од водечките апликации за размена на пораки во светот, денес го најави глобалното претставување на својата најнова функција My Notes, соопшти компанијата.

My Notes е нов регистар во прегледот на разговори на корисникот кој помага во сортирање списоци на обврски, фотографии, потсетници и многу повеќе – на едно место.

Како што се наведува, ова дигитално решение ќе овозможи да:

– Создава список на претстојни обврски, кои можат да се штиклираат кога ќе бидат решени,

– Зачува омилени пораки, видеа или фотографии на едно место,

– Синхронизира податоци помеѓу било кој уред (како мобилен телефон, десктоп компјутер, таблет, итн.)

– Закаже потсетници за најважните белешки (наскоро во функција).

Rakuten Viber е дел од Rakuten Inc., глобален лидер во електронската трговија и финансиските услуги.