Пред неколку месеци, ко-основачот на Android, Енди Рубин го претстави Essential Phone. Телефонот има дисплеј со речиси невидлива рамка околу екранот, модуларни фајлови и други интересени карактеристики. Првобитно беше објавено дека телефонот ќе биде екслузивно достапен кај одредени провајдери во Северна Америка. Сега изгледа дека уредот ќе пристигне и на други територии.
Според наводите на Finansial Times, Essential веќе работи на тоа долгоочекуваниот телефон да го донесе и во Европа и Јапонија. Провајдерите во Велика Британија се во преговори со компанијата за датумот на објава на телефонот во Европа, што би требало да се случи до крајот на годината.
Essential Phone го промаши датумот на испорака за неколку недели во Америка, иако официјалните лица на компанијата истакнуваат дека објавата на уредот во САД е неминовна.