Отприлика една недела откако Galaxy Tab S8+ го помина Geekbench, тоа го направи и најдобриот од претстојните таблет уреди на Samsung – SM-X906N, за кој постои сомневање дека е Samsung Galaxy Tab S8 Ultra за Јужна Кореја, според она што го откриваат достапните податоци.

Таблетот го покренува истиот „Taro“ чипсет, кој ќе се пласира под името „Snapdragon 8 gen 1“, според последните гласини (наместо „898“ како што беше познато досега).

Според овој извештај, на тестот Tab S8 Ultra исто така работи на Android 12 со 8GB RAM. Протечените спецификации сугерираат дека овој таблет од 14,6 инчи (со OLED екран од 120 Hz) ќе доаѓа во конфигурации од 8/128 GB и 12/512 GB. Ќе тежи и 650 грама со батерија од 12.000 mAh која е способна за брзо полнење од 45 W, пренесува My smart price..

Се чини дека Tab S8 серијата е подготвена за лансирање, иако Samsung допрва треба да го одреди датум за објава, иако веруваме дека тоа ќе биде јануари или февруари следната година.