Отприлика две недели не делат од официјалното пратставување на Nokia 8, новиот смартфон што под оваа марка ќе го лансира HMD Global. Како ни далеку поголемите имиња од светот на мобилната технологија, ни оваа компанија не е имуна на протекувањето информации пред службеното претставување. Најпознатиот светски откривач Evan Blass стигна до фотографии од Nokia 8 и веднаш ги постави на својот Твитер профил и ги објави на VentureBeat со кој тесно соработува.

Фотографиите покажуваат едноставен и елегантен изглед на уредот како што и очекувавме. Од предната страна се истакнува старомодниот дизајн со големи рамки над и под екранот, и со физичко Home копче – карактеристики кои водечките брендови во оваа година веќе одамна ги напуштаат. Најголемиот адут на овој уред, пак, би можела да биде двојната камета од задната страна која ја носи ознаката Zeiss.

Освен сината верзија што се наоѓа на објавената фотографија, Nokia 8 на пазарот најверојатно ќе се појави и во сребрена боја, како и во комбинациите златно/сина и златно/бакарна боја.