Кинескиот интернет гигант, Tencent денеска ја лансираше својата платежна услуга WeChat Pay во Европа, упатувајќи предизвик кон Alipay, која е во сопственост на Ant Financial на Alibaba, пишува CNBC.

WeChat е голема социјална мрежа, која има 938 милиони активни корисници месечно. Tencent соработува со германската компанија за плаќања Wirecard за да им се овозможи на европските трговци да ја прифатат WeChat Pay како опција.

Потегот е наменет особено кон кинеските туристи кои ја посетуваат Европа и може да не е дури таков предизвик за играчи како Apple Pay и Samsung Pay кои исто оперираат во делови од Европа.

Кинеските корисници се навикнати да користат мобилни платежни услуги како WeChat Pay за сè – од најмување на услуги за споделено патување до шопинг. Кога одат во странство, тие сакаат да ги користат истите услуги.

Излезе дека кинеските туристи потрошиле најмногу во 2016 година. Тие дале вкупно 261 милијарди долари зад граница според Светската туристичка организација на ОН. Тоа е привлечен пазар кој Tencent се обидува да го земе.

Но таа ќе мора да ја стигне Alipay, која започна операции во Европа во 2015 година, а потоа направи експанзија и на други пазари, како Јужна Африка. Tencent, рече дека во Кина има 600 милиони активни корисници на WeChat Pay. Во меѓувреме Alipay објави дека бројот на активните нејзини потрошувачи достигна 450 милиони лица.

„Во моментов, проблемот е дека многу од кинеските туристи немаат правилни платежни инструменти. Шопингот е незаменлив дел од патувањето. За секој трговец, насочен кон кинеските клиенти во сегментот со луксузни стоки, патувањата или забавата, ова е задолжителна можност“, коментира Маркус Ејчингер, извршен заменик-председател за глобалната производна стратегија на Wirecard.