Microsoft веќе направи ситни измени во опциите за пребарување на Windows 10 за да им помогне на корисниците што е можно побрзо да ги добијат неопходните информации. На тој начин, Search Home добива засебни табови за одделни јазичиња за временска прогноза, топ вести, денес во историјата и нови филмови, кои ќе ги најдете на дното на прозорецот од долната лева страна.

Промените се направени во согласност со новиот Windows 10 build, но до сите корисници ќе пристигнат со верзијата 20H1. Quick search опцијата засега е достапна само во Соединетите Американски Држави, но најавено е дека со новото ажурирање ќе стигне и до другите делови на светот. Покрај тоа, направени се неколку мали измени во рамките на визуелниот дел од резултатите на пребарувањето, кои сега изгледаат вака:

Windows инсајдерите веќе ги тестираат build-овите во рамките на ажурирањето 20H1, кое пристигнува во 2020 година, а quick search е дел од build 19018, и претставува позитивна промена што е уште позначајна ако се имаат на ум сите проблеми со Windows 10, кои веќе некое време ги тероризираат корисниците.