Глобалниот пазар на мобилни апликации ќе достигне 6,3 милијарди долари до 2021. година, покажа анализата на „App Annie“. Ова претставува скок со 380 проценти од генерираните 1,3 милијарди долари на овој пазар во 2016. година.
Во извештајот објавен оваа недела, „App Annie“ прогнозира огромен скок на светскиот пазар на апликации, што ќе се должи на фактот дека се повеќе луѓе во светот поседуваат смартфони и повеќе да користат апликации. Истражувањето на компанијата покажува дека корисниците поминуваат повеќе време во интеракција со апликации, па во 2021 година се очекува за тоа да бидат одвоени 3,5 илјади милијарди часа.
Во 2016-та година луѓето имаат поминато 1,6 илјади милијарди часа во користење на апликации, се наведува во извештајот.
Мобилната трговија преку купување на стоки преку мобилни уреди пример претставува „најголем двигател на растот на мобилната економија и онаа на апликациите“, посочуваат од „App Annie“. Компанијата предвидува дека повеќе луѓе ќе користат смартфоните за шопинг, а ќе ги следат Кина и азиско-пацифичкиот регион, кои во моментов се лидери во однос на мобилната трговија.
„Во споредба со американските потрошувачи оние во Кина се со три пати поголеми шанси да си купат храна и прехранбени производи преку уредите, два пати поголема веројатност е да се користат пари во апликациите и за четири пати повеќе подготвени се да го трошат поголемиот дел од расположливите средства во мобилните уреди“, се наведува во извештајот.
Иако „App Store“ на „Apple“ е најголемиот онлајн пазар за софтвер и ќе порасне до над 60 милијарди долари во 2021-ва година, „Google Play“ и другите продавници со опции за „Android“ ќе успеат да го надминат „iOS“ до крајот на оваа година.
„App Annie“ прогнозира дека „App Store“ ќе достигне 40 милијарди долари во 2017-та година, а „Google Play“ и другите продавници со „Android“ ќе достигнат соодветно 21 милијарди и 20 милијарди долари приходи од продажби.