Ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс се повлекува од Управниот одбор на компанијата за да поминува повеќе време на филантропски активности.

Како што јавува Би Би Си, Гејтс сака да се фокусира на глобалното здравје и развој, образованието и на проблемот со климатските промени.

Тој во исто време решил да го напушти и управниот одбор на холдингот „Беркшир Хатавеј“ на милијардерот Ворен Бафет. Од лидерската позиција во Microsoft, Гејтс си замина уште во 2008 година.

Гејтс рече дека компанијата „секогаш ќе биде важен дел од неговиот живот“ и ќе продолжи да биде вклучена во нејзиното раководство.

„Но, со нетрпение ја очекувам следната фаза затоа што е можно да работам на пријателства и партнерства што најмногу ми значеа, додека сепак придонесувам за две компании на кои сум неверојатно горд, и да се посветам на решавање на некои од најтешките проблеми во светот“, рече Гејтс.

Бил Гејтс е вториот најбогат човек на светот по оснoвачот на Amazon, Џеф Безос. Се проценува дека „тежи“ над 103 филијарди долари.