Производителот на електрични автомобили, Tesla Motors има нов предизвик. Компанијата на Елон Маск е амбициозна да развие и издаде сопствена музичка услуга.
Познатата веб-страница за технологија Recode се повикува на извори од индустријата, кои тврдат дека Tesla подготвува услуга за стриминг на музика за своите автомобили. Во моментов компанијата преговара со големите издавачки куќи, за да си обезбеди содржина и права за услугата.
Аналитичарите, сепак, немаат одговор на прашањето зошто Tesla се обидува да создаде сопствена стриминг услуга за своите автомобили, наместо да ги лиценцира веќе постоечките и развиени музички услуги како Spotify или Apple Music.