Тринаесеттиот и последен дел од сателитската мрежа за следење и пренос на податоци е лансиран. Со лансирањето на сателитот „TDRS-M“ се одбележува крај на една ера.

Сателитот од Кејп Канаверал го понела ракетата „Атлас пет“. НАСА ваквите сателити ги испраќаше во вселената од 1983 година. Мрежата се наоѓа на висина од 22.300 милји и ја поврзува контролата на Земјата со Меѓународната вселенска станица, вселенскиот телескоп „Хабл“ и другите објекти во ниската орбита.

Цената на сателитот е 408 милиони долари, односно 540 милиони ако се вброи и ракетата. Лансирањето е одложено за две недели, бидејќи минатиот месец дигалка удрила во една од антените на сателитот.

Произведувачот „Боинг“ ја замени оштетената антена и презеде мерки за да се спречат идни несреќи. Се истакнува дека за инцидентот е заслужна грешка на работник.