Двајца државјани на Велика Британија се уапсени по обвинение дека во повеќе наврати се обиделе да го хакираат системот на американската софтверска компанија Microsoft.
Дваесетгодишник од Слифорд и 25-годишник од Брекнел биле уапсени минатата недела во рамките на истрага за сајбер криминал, објави BBC.
Двајцата наводно биле само дел од поголема група сајбер криминалци чија намера била да го хакираат системот на Microsoft.
Во големата акција учествувале Еуропол, ФБИ, Серок и НЦА. Полицијата нагласи дека уапсените во ниту еден момент немале пристап до податоците на корисниците на системите на Microsoft.
Поврзани артикли