На Instagram неодамна е покренат профилот “Egg Gang”, кој од своето отворање на оваа социјална мрежа постави една единствена фотографија – оваа која можете да ја видите со текстот. Како што е јасно од името на профилот world_record_egg, сосема е јасно дека намерата на неговиот автор била јасна од почетокот, да се собори рекордот според бројот на лајкови на Instagram со најобична фотографија од кокошкино јајце. Помалку неверојатно, но во тоа и успеа.

Од денеска Instagram има нов рекордер по бројот на лајкови на една слика. Во моментот на создавање на оваа вест, над 25 милиони луѓе кликнаа на срцето покрај фотографијата и ја направија рекордна. Досега рекордот за објава со најмногу лајкови ја држеше старлетата Кајли Џенер, кога го објави раѓањето на детето, со над 18 милиони лајкови.

Buzzfeed дознава дека ова јајце на Instagram го постави лицето кое се претставува како “кокошка Хенриета”, а единствена причина за обид на соборување на рекордот беше чистиот предизвик – да види дали со некоја обична фотографија може да победи позната старлета.