Милијардерот и претприемач Eлон Маск е навистина зафатен човек. Сепак, и покрај тоа, наоѓа време да не информира за најновите потфати и да сподели дел од својата мудрост

Го предводи движењето за одржлива енергија, сака да го реши проблемот со сообраќајниот метеж, постојано одговара на пораки на фанови и на критики на социјалните медиуми -малку е да се рече дека милијардерот и претприемач Eлон Маск е навистина зафатен човек. Сепак, и покрај тоа, наоѓа време да не информира за најновите потфати.

„Луѓето мислат дека технологијата автоматски се развива, но тоа не е точно. Технологијата се развива само доколку многу луѓе напорно работат за да ја подобрат, а доколку се остави сама на себе може само да деградира. Погледнете ги цивилизациите како стариот Египет. Тие граделе величествени пирамиди и потоа заборавиле на тоа. Римјаните правеле одлични аквадукти и потоа заборавиле на тоа“ објаснува Маск.

Поентата на Маск може да се сумира во една реченица: „Доколку не напредувате, вие всушност назадувате. Затоа продолжете да се движите нанапред“. Зошто ова е одличен совет? Клучот за успех на кое било поле е да се движите само напред. Прогресивниот менталитет не само што значи дека никогаш нема да назадувате или да се соочите со неуспех, туку значи дека ќе научите вредни лекции и ќе стекнете вредно искуство.

Но, опасно е постојано да се фокусирате на гледање наназад затоа што може да се судрите. За постојано да гледате само напред мора да престанете да се фокусирате на грешките туку да ги препознаете лекциите и да продоложите. Задавајте си цели кои истовремено ви се предизвик и знаете дека можете да ги досегнете. Имајте големи аспирации – не да се правите дека знаете се туку да сакате да научите се и никогаш не се откажувајте. Затоа што доколку не се движите нанапред сте тргнале во погрешна насока.