Јапонскиот производител на автомобили Honda откри дека бил подложен на серија хакерски напади. Претставник на компанијата прецизира дека системите биле погодени од вирус, сличен на оној кој ги уништи компјутерски мрежи во целиот свет во текот на минатиот месец.
Најверојатно станува збор за вирусот WannaCry. „Заразени“ се фабриките на Honda во Јапонија, Северна Америка и Европа, а тоа се случило уште на 18 јуни. Како резултат од нападот компанијата била принудена да ја прекине целосно работата во претпријатието во Сајама кое произведува по 1.000 автомобили дневно од моделите Accord, Odyssey и Step Wagon. Вирусот „ги нападнал“ производствените линии, кои беа сопрени со работа за цели 48 часа. Работата била вратена дури на 20 јуни. Од Honda не откриваат други детали, а не објавика детали за другите фабрики кои беа хакирани.
При претходниот напад со вирусот WannaCry сериозно беа погодени фабриките на Renault SA и Nissan Motor Co., кои беа принудени да прекинат со работа неколку дена.
Поврзани артикли