Според најновиот извештај на Evan Blass (@evleaks), претстојниот фаблет на Samsung, Note 8 би можел да биде претставен до крајот на септември. Смартфонот би требало да има ист чипсет како Galaxy S8 и S8 Plus (Qualcomm Snapdragon 835 и Samsung Exynos 8895 во зависност од регионот). RAM меморијата ќе биде зголемена на 6 GB.

Според извештајот, Galaxy Note 8 ќе има цена од 999 евра, односно околу 900 долари во Америка.

Телефонот ќе има 6.3-инчен Super AMOLED дисплеј (18,5:9), edge-to-edge екран. Samsung ќе користи систем со две камери, со два 12MP сензора и оптичка стабилизација на сликата. Сензорот за отисоци од прсти ќе биде ист како кај S8 модели, а Note 8 ќе им е и подобрена функцоналност на S Pen пенкалцето.

Повеќе официјални детали за претстојниот Samsung Galaxy Note 8 модел ќе дознаеме во септември оваа година.