Според протечените информации, се открива дека претстојната петта генерација на Apple TV ќе има поддршка за видео во 4K HD резолуција со исполнување и на HDR10 и Dolby Vision визуелните стандарди.

За стриминг на видеа преку новиот Apple TV систем ќе биде потребна и интернет конекција од најмалку 15Mbps. Конзолата на Apple TV ќе работи со A10 Fusion процесорот и 3 GB RAM, па наскоро се очекуваат повеќе детали за пласманот и цената.