Онлајн иницијатива за целосна PayPal услуга во Македонија

Логин системи започна онлајн иницијатива за вистинско воведување на „пејпал“ (PayPal) во Македонија.

„Јас долупотпишаниот се вклучувам доброволно на иницијативата за овозможување услови за отворање на електронски продажни места кои ќе прифаќаат плаќања преку светскиот сервис PayPal во Македонија. Се согласувам да се испрати писмо со барање за покренување на иницијатива за PayPal во Македонија која ќе се испрати до Министерството за финансии со копија до Народната банка на РМ, вицепремиерот задолжен за економски систем, министерството за информатичко општество и министерството за економија“, се наведува во иницијативата.

Како краен рок за потпишување е наведен 28 јуни 2017, до 14 часот. Иницијативата може да се потпише ОВДЕ.

Како што потсетуваат од Логин системи, според официјалните лица во PayPal, пречката за воведување на Пејпал е тоа што веќе подолго време нема зелено светло од главните банки во Македонија за воведување на сервисот. Во 2014та година, Македонија направи измени во регулативата за да се овозможи македонските граѓани да плаќаат во странство преку сметката во пејпал. Сепак, остана незавршена можноста домашните претприемачи и вредни професионалци да отвораат свои продавници на Интернет и да ги продаваат своите производи и услуги.

Иницијативата се појави по конференцијата организирана на канцеларијата на GS1 во Македонија на тема „Дали сте подготвени за дигиталната ера во трговијата“. Тогаш и извршната директорка на GS1 Македонија, Слаѓана Милутиновиќ, апелираше до надлежните органи во земјава дека е неопходно да се воведе инструментот „пејпал“ кој се смета за поголема сигурност при плаќањето.

ИЗВОР: Радио МОФ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen + 18 =