Претстојниот телефон на Samsung, C10 би требало да биде првиот смартфон на компанијата со две камери на задната страна, но дефинитивно нема да биде и единствен. Galaxy Note исто така ќе има дуал-камера систем, а најновите извештаи сугерираат дека и Galaxy C7 ќе има две камери на задниот дел.

Galaxy C7 ќе биде смартфон од средниот сегмент, кој го покренува Qualcomm Snapdragon 625 процесорот. Уредот ќе има 5,7-инчен AMOLED дисплеј.

Се очекува уредот да има 4 GB RAM и опции со 32 GB и 64 GB простор за складирање. Останатите карактеристики вклучуваат сензор за отисок на прстот и 3300 mAh батерија.