Сајтот Deseat.me ќе направи листа на вашите профили и за секој ќе понуди опција за бришење

Шведските програмери Вил Далбо и Линус Унебак го креираа сајтот Deseat.me кои на корисниците им нудат можност да го избришат своето постоење во само неколку кликови.

Сите кои сакаат да ги избришат сите свои профили на интернет, на веб-страницата Deseat.me треба да се најават со својот Google или Outlook прифил. Апликацијата потоа ќе ги анализира сервисите и профилите кои се направени со овој профил.

Deseat.me ќе направи листа на профили и за секој ќе понуди опција за бришење. Корисниците можат да ги избришат профилите на Facebook, Evernote, YouTube, Linkedin…

„Ви ја даваме листата на сите профили и сервиси кои сте ги креирале со Gmail. Во суштина, единствено што ни кажувате е кој профил сакате да го избришете. Со оглед на тоа дека го користите OAuth протоколот на Google, ние немаме пристап до вашиот Gmail профил“, истакнуваат програмерите кои го направија овој интересен сервис.

Deseat.me можете да го испробате тука.