Пред неколку дена НАСА објави дека пронашла 10 потенцијални планети погодни за живот. Тие планети се дел од групата од 219 егзопланети кои ги откри вселенската агенција при презентацијата на осмиот по ред каталог на Кеплер.

Планетите се отприлика големи колку Земјата, а од своите ѕвезди се оддалечени доволно за да може на нив да се живее. Нешто помалку од половина од тие планети кружат од ѕвездата и се слични на големината на Сонцето.

„Податоците презентирани од страна на Кеплер се уникатни, бидејќи станува збор за еден каталог кој содржи попис на планети кои се слични по големина на Земјата. Важно прашање за нас е „Дали сме сами?“, Можеби Кеплер сега индиректно вели дека не сме“, вели Марио Перез, научник кој работи во одделот за астрофизика во НАСА.

Телескопот Кеплер досега откри 4034 планети, а меѓу 2019 од новите кандидати се десетте планети на кои можеби има живот. Се наоѓаат на добра оддалеченост и имаат слична температура како и Земјата.Сите 2335 планети се лоцирани во соѕвездието Лабуда.

“Ние оваа студија ја гледаме на ист начин како кога биолозите наоѓаат нови видови”, вели Бенџамин Фултон, докторант на Универзитетот на Хаваи во Mаноа и главен автор на студијата за категоризација на планетите. “Наоѓањето на две различни групи на егзопланети е слично на откритието дека цицачите и гуштерите прават две различни гранки на семејното дрво.”

Минатата година, истражувачите од Калифорнискиот институт за технологија предвидоа дека во нашиот Сончев систем постои уште една планета и да се наоѓа далеку зад Нептун. Фултон вели дека таа сеуште неоткриена деветта планета, ако воопшто постои, може да биде една од категоријата мини-Нептун.

Врз основа на досегашните сознанија, утврдено е дека една од десетте новооткриени планети, позната како KOI7711, е најслична до Земјата, и е 1,3 пати поголема од нашата планета Земја.