Во текот на вчерашниот ден, Facebook апликацијата им овозможи на корисниците да ги зумираат фотографиите од News Feed со развлекување од средина кон аглите на сликата. Задржете ги прстите на центарот на фотографијата, повлечете кон спротивните краеви и зумирајте ја сликата колку што ви е потребно.

Оваа опција е достапна во апликациите за Android и iOS, а наскоро ќе биде издадена и за Windows 10 Mobile.