Дали ви е потребна помош околу тоа кого сакате да престанете да следите на Instagram? Доколку одговорот е „да“, тогаш ќе добиете помош.

Во морето на бизарности на социјалните мрежи, Instagram се погрижи за додавање на уште една – ќе им помага на корисниците во одлуката кој профил да престанат да го следат.

Најновата опција која ја тестира социјалната мрежа, која моментално се тестира, ќе ни помогне полесно да ги пронајдеме профилите со кои сме најмалку во интеракција. Instagram ќе направи категоризација според тоа со кои профили најчесто и најретко комуницираме, ги гледаме и лајкуваме објавите.

На тој начин, социјалната мрежа ќе ни предложи кои профили би требало да престанеме да ги следиме.

Со новиот начин на категоризација на содржините, Instagram се обидува на нов начин да ги поттикне луѓето да реагираат на работи кои што најмногу ги сакаат, на уметност, филм, забава и други работи, а да ја прекинат „врската“ со работи кои не ги сакаат. Поради тоа, ќе се појавува категоријата “least interacted with” во која ќе има содржини и профили кои ќе можеме да престанеме да ги следиме.