Неодамна беше откриено дека околу двеста милиони профили на Gmail, Yahoo и Outlook биле хакирани, а мејл адресите и лозинките биле изложени на интернет.

Веб-страницата haveibeenpwned.com во својата база содржи лозинки, профили и мејлови на кориснции чии податоци биле собрани по хакерски напади во LinkedIn, Adobe, Ashley Madison, GMail, Outlook, Yahoo и другите сервиси во текот на годините наназад.

Овој сајт, односно неговиот сопственик досјде лесно до податоците – ги собра на интернет, каде што беа бесплатно достапу, како што можеше и секој од нас да ги обедини во база која може лесно и брзо да се прабара.

Напишете го својот мејл или корисничкото име во полето и ако сајтот исфрли позитивен резултат – време е за промена на сите лозинки на сите сервиси врзани за хакираниот мејл…