Деветнасетгодишната Есена О’Нил од Австралија има повеќе од 800.000 следбеници на Instagram. Во последните три години го документираше нејзиниот онлајн живот, со најразлични фотографии на кои позира во бикини, јога пози и позирање пред огледало. Но, веќе ѝ дојде преку глава од глумењето.

Девојката неодамна додаде искрени коментари под фотографиите на Instagram, откривајќи ја вистината за нивното создавање. Колку пати позирала, како не можела да јаде и броела калории за да биде слаба, колку била платена за да позира во облека на некои брендови и слично.

„Социјалните медиуми не се вистинскиот живот“, вели девојката во видеото што го објави, искрено откривајќи колку е сè лажно и дека сè е бизнис.

Таа објави дека повеќе нема да биде активна на социјалните мрежи, веќе избришала 2.000 фотографии на Instagram, за кои вели дека служеле исклучиво за промовирање.

„Зад ваквото тело всушност се криеја нездрави навики кои ниту една девојка не би требало да си ги дозволи. Внесував премногу малку калории, вежбав доста и бев страшно исцрпена, но на фотографиите изгледав совршено. Тоа беше единствената цел на мојот беден живот“, раскажува Есена.