Според последните податоци на компанијата Kantar Worldpanel ComTech, кои се однесуваат на три месеци оваа година (заклучно со месец април), актуелните смартфони на Apple, iPhone 7 и iPhone 7 Plus и натаму се најпродавани паметни телефони на американскиот пазар.
Иако самиот оперативен систем Android на вториот најголем пазар на паметни телефони на светот има пазарен удел од 61,7 проценти (што е пад од 5,9 отсто на годишно ниво) во однос на пазарниот удел од 36,6 проценти што го бележи iOS на Apple, паметните телефони втемелени на Android тешко успеваат да дојдат на врвот на листата на најпродавани смартфони меѓу американските корисници.

Попознатите брендови како што се Samsung, LG и Lenovo Moto забележаа пад на испораките на годишно ниво. iPhone 7 и iPhone 7 Plus имаа заеднички пазарен удел од 20,1 проценти, минатогодишните ударни модели на Samsung, Galaxy S7 и Galaxy S7 edge поседуваат удел од 8,8 отсто, додека Galaxy S8 и Galaxy S8+ имаа удел од 8,1 проценти во вкупно продадени паметни телефони на американскиот пазар.