Amazon неодамна е обвинет за продавање на опрема која воглавно ја користат оние кои тргуваат со наркотици, а откако беше откриено дека алгоритмите ги водат корисниците до опремата која е неопходна за пакување и продажба на опојни супстанци.

Гигантот на онлајн продажба, кој на својот основач Џеф Безос му донесе големо богатство е обвинет за групирање на вагите за прецизно мерење и пластичните кеси за пакување кои се украсени со емотикони кои се симболи на одредените илегални супстанци. Така на сајтот се појавија делови од опремата која се доведува во врска со конзумирање дрога, а со описи на производите кои укажуваат на обични производи, кои одвоено можеби и не би предизвикале сомневање.

И другите платформи нудат слични производи, но не сугерираат дека би требало да се купуваат заедно и не ги групираат во комплетната понуда. Токму поради тоа на компанијата и е порачано дека она што е илегално офлајн е илегално и онлајн, и дека бо требало да реагира што побрзо, за да ги отстрани производите  и налозите кои не ги почитуваат законите.