Samsung својата ISOCELL линија сензори за камери ја претстави во 2013. година. Овие сензори имаа бариери околу секој пиксел за да се спречи прелевањето на светлината во блиските пиксели. Оригиналниот дизајн користеше метал за овие бариери, кој впиваше дел од дојдовното светло.

Со ISOCELL Plus сензорите е променет материјалот, но тој и натаму содржел дел од металот и не го решавал во целост проблемот со прелевање на светлината. Сега Samsung ја најави следната фаза на својата технологија со сензори за камери.

ISOCELL 2.0 ги заменува пониските делови на ѕидот на материјалот кој повеќе е рефлективен. Верзијата 2.0 исто така драстично ја подобрува осетливоста на светлина и дополнително ги намалува губитоците на оптиката во однос на претходните генерации.

Сето ова ќе им овозможи на сензорите да имплементираат повеќе пиксели на иста површина, а и понатаму да примат повеќе светло. Samsung во јануари најави 200MP сензор, а компанијата работи и на сензори до 600MP кои ќе имаат корист од подобрените перформанси на помалите пиксели.

Samsung денеска само пружи увид во она што не очекува, а компанијата не ги претстави конкретните сензори кои го коридтат ISOCELL 2.0.