Апликацијата е достапна за двете најголеми мобилни платформи, Android и iOS

Компанијата Макпетрол ја промовираше апликација „Верна GO“, која на граѓаните и туристите ќе им даде сервисни информации за најблиската бензиска станица, услугите кои ги нуди, видовите на гориво кои ги има, цената на горивата и слично.

Таа е достапна за сите корисници на Android и iOS, функционира и без користење на интернет, а достапна е на македонски, англиски и албански јазик.

„Со кликнување на една од бензинските станици се добива информација за тоа какви горива истата нуди и информација за дополнителни услуги што ги нуди избраната станица“, изјави Игор Јосифов, инженер-програмер во „Макпетрол“.