Иако ќе се појават на пазарот уште во почетокот на следната година, смартфоните со поддршка на 5G ќе почнат да регрутираат популарност не порано од 2021 година, кога уделот им ќе достигне 5% од сите продажби, прогнозира аналитичарската фирма Strategy Analytics.

Пречки за ширењето на 5G паметните телефони се недостатокот на мрежи од петтата генерација, повисоката цена на самите уреди, како и недостатокот на сценарија за користење на слични уреди кои ќе ги покажат јасно предностите на технологијата 5G.

Дури во 2021 година 5G покриеноста ќе опфати многу области на метрополите од клучните пазари, како Азија и Северна Америка и тоа ќе го оправда купувањето на смартфони со поддршка на 5G. Во исто време, цените на 5G уредите ќе се намалат, што ќе доведе до популаризација на новата технологија.

Но, подоцна, во 2023 година, најпопуларни на пазарот ќе продолжат да бидат модели со 4G поддршка. Аналитичарите очекуваат долг живот и за 2G телефоните, додека 3G уредите ќе одат во заборав.

Побарувачката за 2G уреди ќе доаѓаат од корисници во земјите во развој, претежно Африка, кои за прв пат купуваат мобилен телефон. Додека во 2023 година продажбата на 5G паметни телефони ќе почне да расте брзо, секој десетти нов телефон ќе биде 2G, предвидува Strategy Analytics.