Сето она што се знае досега за претстојниот модел внесува одредена забуна кога е во прашање дизајнот

Овие денови, во центарот на вниманието е OnePlus 5 телефонот, бидејќи има се повеќе гласини, тизери и информации за смартфонот пред неговата официјална објава. Меѓутоа, сето она што го дознавме досега внесува одредена забуна кога е во прашање дизајнот – посебно во доменот на камерата и сензорот за читање отисоци од прстот.

Најновите фотографии го прикажуваат OnePlus 5 во заштитна футрола, но и покрај тоа потврдуваат некои информации за телефонот. Дизајнот потврдува каков ќе биде системот за две камери на задната страна, додека од предниот дел е видливо home копчето и местото каде ќе биде сместен сензорот за отисоци. Ова е во склад со информациите кои досега се знаеја за телефонот.

Неодамна, Извршниот директор на One Plus потврди дека OnePlus 5 ќе пристигне со Qualcomm Snapdragon 835 процесорот, а за остатокот од спецификациите треба да го почекаме летото, кога се очекува претставувањето на смартфонот.

ИЗВОР: Ubergizmo