Идентичната големина ќе го олесни нејзиното користење кај паметните телефони кои имаат простор за две SIM картички или комбинација на SIM картичка и мемориска картичка.

Класичната SD мемориска картичка, која во денешно време речиси е неизоставен додаток на секој паметен телефон, би можела да замине во историјата. Барем ако се праша екипата од Huawei.

Имено, Huawei претстави нова мемориска картичка за која тврди дека би можела да ги замени SD картичките. Се работи за наномемориска (NM) картичка која по својата големина е идентична на nano SIM картичката.

Идентичната големина ќе го олесни нејзиното користење кај паметните телефони кои имаат простор за две SIM картички или комбинавија на SIM картичка и мемориска картичка

Освен големината, главна предноста на наномемориската картичка е што на неа може да се складира голема количина податоци кои можат да префрлат со брзина од 90MB/s.

NM картичките засега ги произведува само Huawei, но ако таквиот формат го прифатат и другите производители, тоа навистина би можело да ги испрати SD картичките во историја и да им го направи животот на многуте корисници на смартфони многу поедноставен.