Новите смартфони се разликуваат само според големината на екранот – Nova 2 има 5-инчен екран, додека Plus моделот има 5,5-инчен дисплеј

Huawei линијата телефони од горниот сегмент стигна до втората генерација, а нејзини најнови членови се Nova 2 и Nova 2 Plus моделите. Со дизајнот, новите смартфони повеќе потсетуваат на ударната P-серија.

На задната страна од телефонот се наоѓа систем со дуал камера, што се состои од 12-мегапикселен сензор (f/1.8) и 8MP сензор, кој помага при оптичкиот зум и портрет режимот. Од предната страна е сместена прилично добрата 20MP камера.

Nova 2 и Nova 2 Plus моделите имаат едноделно метално куќиште и се разликуваат само според големината на екранот – Nova 2 има 5-инчен екран, додека Plus моделот има 5,5-инчен дисплеј. И двата екрана се LPTS LCD со 1080p резолуција, прекриени со 2.5D заоблено стакло.

Металното куќиште има дебелина од само 6,9 милиметри за двата телефона, а и покрај тенките профили, капацитетите на батериите се пристојни и изнесуваат 2950mAh за Nova 2 и 3340mAh за Nova 2 Plus моделот. Треба да се напомене дека Snapdragon 625 чипсетот, што го користеа моделите од првата генерација е заменет со новиот Kirin 659 чипсет.

Huawei Nova 2 и Nova 2 Plus имаат доста меморија за цената по која се продаваат – 4GB RAM и 64GB интерна меморија, однсно 4GB RAM и 128GB простор за складирање. Nova 2 ќе чини околу 325 evra, додека Nova 2 Plus ќе се продава за 375 евра. Телефоните ќе се најдат на пазарот од 16. јуни.

ИЗВОР: GSMArena