Мониторот во својот HDR оперативен режим нуди статички контраст 20.000:1 (1.000:1 регуларно).

Dell објави нов монитор, под името UP2718Q. Мониторот има 27-инчен IPS панел со 4К резолуција (3840х2160 пиксели) и поседува поддршка за HDR10. Во својот HDR оперативен режим нуди статички контраст 20.000:1 (1.000:1 регуларно). Осветлувањето е 400 cd/m² за нормален режим, односно 1.000 cd/m² во HDR.

Дисплејот има широк ранг Rec. 2020 на покриеност на бои (76,9%), а исто така покрива и 100 проценти од Adobe RGB и sRGB гамутот на бои и 97.7% од DCI-P3. Екранот доаѓа со фабрички калибриран sRGB и Adobe RGB.

Приклучоците на мониторот вклучуваат DisplayPort 1.1, miniDispayPort 1.4, два HDMI 2.0 порта и четири USB 3.0 приклучока, плус два USB 3.0 upstream портови. Dell UP2718Q мониторот е достапен преку веб-страницата на компанијата, по цена од околу 2000 долари, а пошироката достапност и потенцијално пониската цена се очекуваат наскоро.

 

Извор: Guru3D