Како што е веќе познато, новите „flagship” смартфони на Samsung, Galaxy S8 и S8+ работат на новиот чипсет Snapdragon 835, а Samsung веќе најави дека во втората половина од оваа година ќе издаде уреди (веројатно лаптопи) кои ќе работат на Windows 10. За тоа да го докаже, Samsung веќе ја демонстрираше работата на Windows 10 на ARM чиповите со покренување на Photoshop на HP Elite X3, што работи на послабиот чип Snapdragon 820. Ова значи дека не постои никаква пречка Windows да се заврти и на неодамна издадените Galaxy S8 и S8+ телефони.
Тешко е да се очекува дека Samsung навистина ќе инсталира Windows на своите телефони. Сепак, веруваме дека некој како Qualcomm би можел наскоро да демонстрира со помош на емулатор и Dex опцијата, што овозможува емулација на десктопот на голем екран при спојување на dock, слично како што функционира опцијата Continuum за Windows телефоните.
Поврзани артикли