Јапонската компанија Toyota вложи околу 350.000 долари во летачки автомобили, поточно во проектот наречен Skydrive.

Идејата за овој автомобил се роди уште во 2012. година, кога Тсубаса Накамура и неговиот тим наречен Cartivator победија на натпреварот со првобитниот дизајн на летачки автомобил. Овој тим го сочинуваа триесетина инжинери на Toyota кои во слободно време се занимаваа со дизајнирање на летачки автомобили.

Во 2014. година настана Skydrive, а оттогаш има повеќе подеми и падови, се до несе кога Toyota одлучи да инвестира во него.

Skydrive автомобилите би требало да летаат 10 метри над земја, а се проценува дека нивната максимална брзина би можела да биде до 100 км/ч. Автомобилите ќе бидат долги 2,7 метри, широки 1,3 метар, а високи 1,1 метар. Пробните летови ќе се одржат веќе следната година, со тоа што во 2020. година овие автомобили би требало да станат комерцијално достапни.