Eлон Маск, еден од најиновативните луѓе во светот, вчера на Twitter го цитираше Мустафа Кемал Ататурк, кој потекнува од дебарското село Коџаџик. Тој твитна:

„Ако еден ден моите зборови се косат со науката, изберете ја науката“, Мустафа Кемал Ататурк.

Маск е сопственик на компаниите „Тесла“ и „СпејсХ“, која го подготвува првото патување на човекот на планетата Марс во 2030 година.