Технологијата сè повеќе навлегува во нашиот секојдневен живот. Паметните звучници и „гласовни асистенти“ ни овозможуваат непречена интеракција како во домовите така и на работните места. Паметните телефони стануваат вообичаени „алатки“ кои ни помагаат при купувањето. Дигиталните платформи сè почесто ги заменуваат телевизорите.

Речиси секоја индустриска гранка во последните 10 години е променета со дигитални технологии. Се очекува дека во 2018 година ќе има уште повеќе такви настани кои ќе влијаат врз нашето работење, нашите кариери и животи.

Како што предвидува „Бизнис инсајдер“, ова се некои од работите што ќе се случат во 2018 година:

  • Криптовалутите ќе бидат пошироко прифатени.
  • „Гугл“ и „Епл“ ќе го загрозат „Амазон“ на пазарот на паметни звучници.
  • Големо враќање на виртуелната реалност на пазарот.
  • Ќе има навалa за автономни автомобили.
  • Контролата врз дроновите ќе попушти.
  • „Алибаба“ ќе доживее меѓународна експанзија.
  • Генерацијата „З“ ќе стане главна целна група за медиумските компании и огласувачи.
  • Безбедноста при плаќањата ќе биде од најголема важност.
  • Паметните куќни апарати ќе почнат масовно да се продаваат.
Извор: Business Insider, BIZLife.rs