Додека цела зима се гушиме во смог, а на повидок нема никакво решение, во Данска одат чекор понатаму во искористувањето на отпадот во енергетски цели. Електраните кои работат на отпад за производство на електрична енергија вообичаено се чуваат надвор од урбаните центри, така што жителите треба да бидат заштитени од гасовите и штетните материи кои се исфрлаат во воздухот, а кои произлегуваат од согорувањето на отпадот.

Новата постројка за производство на електрична енергија од отпад, дизајнирана од Bjarke Ingels Group, е поинаква – и од гледна точка на одржливост, но и од архитектонски аспект. Се нарекува Amager Resource Center (ARC) и станува збор за постројка која ѓубрето го претвора во електрична енергија , а потоа истата се пренасочува во дистрибутивната мрежа на Копенхаген. Истата ќе биде активена кон крајот на оваа година и ќе генерира помалку CO2 отколку онаа која досега беше во функција.

Amager Resource Center (ARC) ќе се отвори оваа пролет и е стационирана на нешто помалку од 5 километри од центарот на Копенхаген.

Наместо традиционалниот начин на испуштање на дим низ оџаците, новата постројка ќе испушта димни прстени. Она што е посебно кај оваа постојка е тоа што дизајнерите на Bjarke Engels Group на посетителите ќе им овозможат неверојатно доживување – да скијаат на патека долга 600 метри.

Претпоставките се дека уште во првата година се очекува околу 57 илјади луѓе да ја пробаат скијачката патека. Мулти-спортскиот објект кај електраната ќе има и капацитети за водни спортови, фудбалски игралишта и патеката за го-картинг.