Една од најчестите причини зошто вашиот смартфон останува без меморија е апликацијата WhatsApp, односно бројните фотографии што доаѓаат преку неа.

Во само неколку чекори можете да го решите овој проблем и вашиот смартфон да има доволно простор во него да го зачувате она што ви е навистина потребно, пишува Tportal.

На Android, одете на опцијата “Користење податоци“. Потоа скролајте надолу до “Автоматско превземање на медија“ и изберете “При користење на мобилни податоци“. Отстранете ја опцијата “Фотографии“. Повторете го ова за опцијата “Поврзување преку Wi-Fi“ и опцијата “Roaming“.

Корисниците на iPhone, пак, треба да одат во Settings> Data and Storage Usage. Кликнете на “Слики“,и за да го прекинете автоматското преземање на фотографии, одберете ја опцијата “Никогаш“.