Ни се заканува „мала“ ледена доба

Со истражување на моделот на Сончевата активност, чија причина е магнетното поле, се предвидува дека реката Темза за две децении ќе замрзне, како и дека на Велика Британија ѝ се заканува мала ледена доба, тврдат експертите.

Оваа промена би предизвикала замрзнување на големите реки и би можела да ја погоди Британија за помалку од две децении, покажа истражувањето на универзитетите во Велика Британија и во Русија.

Истражувачкиот тим, предводен од професорката по математика Валентина Заркова од Универзитетот „Нортумбрија“, врз база на работата со колегите од Москва, предвиде движење на два магнетни брана што ги создава Сонцето.

Врз основа на добиените резултати, научниците претпоставуваат дека температурата би можела да почне да опаѓа од 2021 година, во траење од 30 години.

Заркова наведува дека овој модел се поклопува со претходната мала ледена доба што ја зафатила оваа иста област во 97 проценти. Меѓутоа, таа предупредува дека нивното истражување не може да се користи како доказ дека навистина ќе се случи тоа, а како една од причините за тоа го наведува глобалното затоплување.

„Се надевам дека глобалното затоплување нема да го спречи настапувањето на малата ледена доба, давајќи му шанса на човештвото и период од 30 години за да го реши проблемот со загадувањето“, истакнува професорката.

Таа предупредува дека таквата состојба би можела да трае сè додека повторно не се активираат магнетните бранови во 2050 година.

„Дотогаш мораме да ги подготвиме сите на Земјата за следната соларна активност“, додава Заркова.

Извор: Факултети.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 − 2 =