Германија со години се соочува со хроничен недостиг од негуватели на повозрасни лица, проблем кој не може да се реши само со привлекување на работна сила од странство.

Поради тоа, како што јави Дојче Веле, веќе неколку години Германскиот центар за воздушна пловидба (ДЛР) во соработка со хуманитарната организација Каритас работи на производство на роботски системи, кои би биле ангажирани за нега на повозрасни лица.

Една од тие машини е роботот наречен Едан, кој ќе ја има улогата на помошник-негувател и ќе биде ангажиран за помагање при грижата за повозрасни лица.