Новиот вид риба, наречен Pseudoliparis swirei, е способен да преживее дури и во најдлабоките светски океани на длабочина и до 8000 метри, како на пример во Маријанскиот Ров. Максималната длабочина на која научниците успеаја да ги фатат овие риби била 7966 метри. За првпат во 2014 година во Маријанскиот Ров беше забележан непознатиот вид, кој сега доби официјално име и опис.

Видот припаѓа на семејството на т.н. морнарски шлемови. Ова семејство вклучува повеќе од 330 видови риби кои живеат во сите океани, од Арктикот до Антарктикот. Во него припаѓа и претходниот носител на рекодот за живот во длабочините на морето, рибата Pseudoliparis amblystomopsisis најдена на максимална длабочина од 7703 метри.

Во периодот од 2014 до 2017 година истражувачите фатиле 37 риби на оваа локација, од кои подоцна е класифицирана и рибата која живеела на најголема длабочина. Должината на оваа риба е околу 10 до 15 сантиметри. Таа има проѕирна кожа без забележливи крлушки, преку која може да се видат и внатрешните органи. За да се осигураат дека рибата не припаѓаат на ниту еден од познатите видови, научниците ја анализирале ДНК и ја споредиле со ДНК на повеќе морски видови.