Првиот Bitcoin банкомат пред два дена беше поставен во Кипар. Банкоматот е инсталиран во зграда во која се наоѓаат административни простории. Банкоматот е поставен до кафетеријата Pitta & More и интересно, беше поставен истиот ден кога стапката на крипто валутата за првпат надмина 11.000 долари.

Уредот е директно поврзан со водечката берзанска крипто валута во светот. Тој ќе им овозможи на оние кои сакаат да купат bitcoin да ја добијат „најдобра можна цена на пазарот”.

За да станете сопственик на криптирани пари, треба да го скенирате QR кодот од вашиот електронски паричник користејќи паметен телефон.