Facebook ја претстави самостојната и безжична кацига Oculus Go

Facebook ја официјализира новата кацига за виртуелна реалност, под името Oculus Go. Овој модел е прв во целост безжичен и самостоен систем на компанијата

Извршниот директор на Facebook, Mark Zuckerberg го нарече Oculus Go „прв производ што ќе ги спои мобилните уреди и VR десктопот. Oculus Go беше претставен во текот на Oculus Connect настанот.

Новиот VR уред е базиран на истата платформа како и Gear VR и ќе ги поддржува сите апликации кои работат и на Gear VR моделот.

Oculus Go има fast-switch LCD екран, кој би требало да пристигне со намален “screen door” ефект, а има и интегрирани просторни звучници. Кацигата ќе се појави во продажба во текот на 2018. година по цена од 199 долари.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 + nineteen =