Финската компанија HMD, која е правен наследник на Nokia денеска соопшти дека обезбедила 100 милиони долари кои ќе ги инвестира во развојни проекти.

Средствата биле обезбедени од инвестициската компанија Ди-Ем-Џи Азија и тајвански Фокскон. Главна цел на компанијата е да ја зголеми продажбата на мобилни телефони под брендот Nokia. HMD продаде 70 милиони Nokia телефони во 2017 година, и имаше промет од 1,8 милијарди евра.