Кинеската компанија Xiaomi најави дека белата верзија на моделот Mi 6 ќе започне со продажба од денеска. Покрај бојата, останатите спецификации на уредот остануваат исти. Како мало потсетување, телефонот доаѓа со Snapdragon 835, 6GB RAM и 64/128GB меморија. Верзијата со 64GB е 368 долари, а онаа со 128GB е 427 долари.

Пред претставувањето, компанијата најави дека Mi 6 ќе биде достапен во црна, бела и сина варијанта, со два специјални модели во сребрена и керамичка верзија. Но, досега корисниците можеа да ја купат само сината и црната варијанта, додека пак керамичката верзија се продаде со брзина на светлина, а сребрената никогаш не се појави на пазарот.