Скришното следење на социјалните мрежи може да е морничаво и џабе потрошено време, но сите понекогаш имаат желба да „шетаат“ по нечиј профил без да остават трага.

Но, некогаш се случува и без да сакаме да ставиме „лајк“. Тоа е особено лесно на Instagram, каде е потребно само дупло кликнување. Па, како да „шетате“ низ нечиј профил на оваа социјална мрежа без да оставите несакана трага?

Едноставно вклучете го авионскиот режим. Сепак, прво ќе мора да одите надолу низ провилот бидејќи со вклучувањето на авионскиот режим, нема да ви се отворат новите фотографии. Затоа, вртете внимателно и откако ќе го вклучите авионскиот режим, ќе бидете сигурни дека нема да ставите „лајк“ на некоја слика бидејќи нема да сте поврзани на интернет.