LG е редовен учесник на Mobile World Congress саемот, кој секоја година се одржува во Барселона. Оваа година, јужнокорејската компанија на MWC го претстави LG V50 ThinQ 5G, како свој прв смартфон со 5G поддршка. LG пристигнува во Барселона и следната година, во текот на MWC 2020, каде се очекува претставување на LG V60 ThinQ моделот и уште еден нов премиум 5G телефон.

Извештаите сугерираат дека LG V60 ThinQ 5G ќе биде достапен со надградениот Dual Screen додаток. Јужнокорејската компанија планира уредот да го направи подостапен на пазарите во Јужна Кореја, САД и Јапонија. Спецификациите на телефонот не се познати, но се очекува Snapdragon 865 чипсет, кој има X55 5G модем и поддршка за модем и dual-mode 5G и mmWave 5G.

Не е познато името на вториот премиум смартфон со 5G поддршка, кој ќе биде претставен заедно со V60 ThinQ. Ова би можел да биде модел од LG G9 серијата, но засега нема потврда на оваа информација.