Најновиот видео запис направен со дрон во Apple Park ни покажува дека помпезното најавувано ново седиште на Apple се уште не е завршено иако првичниот план беше сосема поинаков, пренесува Business Insider.

И иако на видео записот може да се види дека има луѓе коишто веќе работат во новата зграда, на теренот се уште се наоѓаат голем број на кранови, багери, скелиња и градежен материјал.

Инаку, Apple за реализацијата на визионерскиот план на Стив Џобс издвои импресивни 5 милијарди долари. Според првобитните наведувања од компанијата од Купертино, околниот пејзаж требаше да биде комплетно среден до крајот на месец јуни, а веќе сме на половината на месец јули.

А како изгледа овој импресивен комплекс во овој момент, може да видите тука: