НАСА ќе испрати хеликоптер на Марс, во рамки на мисијата Марсовски ровер, чие лансирање е планирано за 2020 година.

“Идејата за хеликоптер кој ќе го надлетува небото на другата планета е возбудливо”, соопшти НАСА.

Во прилог кој беше објавен од страна на BBC на својата интернет страница се наведува дека тоа е мал хеликоптер, тежи само 1,8 килограми, но неговите ротори се вртат 10 пати побрзо од роторите на стандарден хеликоптер на Земјата.

На научниците им требаа четири години да направат хеликоптер кој ќе може да лета на Црвената планета.